Tренерот на Комо, Сеск Фабрегас, беше многу лут по поразот од Јувентус синоќа на стартот на новото коло во Серија А. Новиот напаѓач на Јувентус, Рандал Коло Муани постигна два гола за Јувентус во победата од 2-1 на гости кај Комо во првиот натпревар од 24. коло во Серија А.
Јувентус победи со пенал, а Комо не доби пенал во завршницата.
„Нема да молчам денеска. Беше чист пенал. Доста. Не го обвинувам судијата кој можеби не ја виде ситуацијата, но ВАР-собата мораше да ја види, а ВАР-собата е она што ме прави сомничав. Се сомневам како се анализираат ситуациите за време на натпреварот во таа просторија“, вели Фабрегас.