Битка за Мадрид: Мајсторија на Алварез од пенал за водство на Атлетико на полувреме! (ВИДЕО)

161

Со мајсторијата од пенал на Хулиан Алварез во 35.минута, Атлетико Мадрид среде “Сантијаго Бернабеу“ води со 0:1 по првото полувреме во дербито на Мадрид. Интересно, Чуамени го згази Лино, ВАР реагираше па судијата мораше да ја гледа снимката и покажа на белата точка. Следувше мајсторијата на Алварез со “паненка“ шут го совлада Куртоа и му донесе водство на својот тим.

Реал Мадрид ја има иницијативата, но нема креација, нема шанси. Атлетико ја препушти иницијативата и опасно се закануваше од контри и полуконтри.

Еве ова според судиите беше фаул за пенал за Атлетико кој според “кралевите“ нема пенал. Ќе биде интересно.

ПретходноОвации за Марсело на “Сантијаго Бернабеу“! (ВИДЕО)
СледноДимитријевиќ блескаше во победата на Олимпија Милано!