Виљареал како гостин успеа со 1:2 да слави кај Лас Палмас и да освои значајни три бода, па така сега „жолтата подморница“ се наоѓа на 5.место на табелата во Ла Лига.
На првиот гол се чекаше до 53.минута кога Баена му донесе водство на својот тим, на Виљареал. Во 66.минута гостите го удвоија водството на 0:2 и тоа со голот на Перез, откако сега Баена беше во улога на асистент.
И тие 0:2 важеа до 84.минута кога домашните намалија на 1:2 со погодокот на Фустер.
До крајот играчите на Лас Палмас се обидоа да дојдат до нов гол и до израмнување, но не успеаја во тоа.