ГРК Тиквеш лесно до победата, Радовиш со 12 ракометари и без странци дојде во Кавадарци

192
Фото: ГРК Тиквеш/Фејсбук

ГРК Тиквеш ја оправда улогата на фаворит против Радовиш на домашен терен, славеше со 32-26 (16-12) во првиот меч од 17 коло во Супер-лигата. Гостите за време на паузата официјализираа три странски засилувања, но ниту едно од нив беше во составот. Во Кавадарци дојдоа со 12 ракометари.

Андоноски имаше седум гола, еден помалку постигна Обина кај победникот, на другата страна Јанковски имаше седум погодоци.

Гостите беа порамноправен против на стартот на дуелот, но после 5-5, кавадарчани со три гола во низа поведоа со 8-5. Радовиш успеа во неколку наврати да дојде до минус еден гол негатива, но не и да приреди целосен пресврт. На одморот, ГРК Тиквеш водеше со 16-12.

Ништо не се промени ниту во вториот дел, кавадарчани не дозволија изненадување, некаде после средината на овој дел имаа плус шест (25-19), доволно за мирен финиш.

ГРК Тиквеш ја продолжи битката за петтото место, има осум победи, две ремија и седум порази, додека на другата страна Радовиш го запиша 16-от пораз сезонава.

ПретходноКомпани: Во Баерн стандардите се високи и нормално е да не критикуваат
СледноСити потроши повеќе од 200 милиони евра, Пеп: Трошиме затоа што имаме пари!