Елмас остана на клупата: Торино само до бод со Џенова!

89

Торино на свој терен против Џенова одигра само 1:1 во меч од 24.коло во Серија А. И веднаш да кажеме дека македонскиот репрезентативец Елиф Елмас целиот меч го преседе на клупата и не доби шанса да го забележи своето деби во дресот на својот нов клуб.

Секако дека се очекува допрва Дијамантот во дресот на “биковите“ од Торино да ги искаже сите свои квалитети.

Инаку домашните поведоа со 1:0 со автоголот на Торсби во 45+2.минута па така на пауза се замина со водство на Торино.

Сепак домашните да не слават и освојат три бода се погрижи Пинамонти во 68.минута за конечни 1:1 на оваа средба.

ПретходноДимитријевиќ блескаше во победата на Олимпија Милано!
СледноБитка за Мадрид: Мбапе со нов гол, Реал и Атлетико одиграа без победник на задоволство на Барса! (ВИДЕО)