Кратка мешаница во Прилеп и победа на Бутел Скопје

120

И на последниот меч од 17-то коло од Супер-лигата немаше изненадување. Екипата на Бутел Скопје ја оправда улогата на фаворит против Прилеп, на гостински терен славеше со 28-33 (16-17). Со овој триумф избраниците на Горан Кузманоски останаа на петтата позиција пред Тиквеш, кој исто има 18 бодови.

Нешто поинтересно беше прво полувреме, во кое домаќинот пружи силен отпор, па дури и водеше, со 7-4 и 12-9. Некаде пред одморот, гостите со кратки серии успеаја да го превземат водството (16-17).

Бутел Скопје во вториот дел влезе посигурен и со шест гола во низа поведе со 17-24 и најави дека овој натпревар ќе се движи во еден правец.

Иако дуелот беше решен, сепак страстите зовреа, во 56-та минута по фаулот на прилепчани над Николов, кој остана да лежи на теренот, настана мала мешаница, која на крајот не прерасна во нешто посериозно. На теренот се сминаа и лицата за обезбедување бидејќи од публиката имаше протести.

Николов имаше девет гола, додека пак Милошески постигна шест. Кај домаќинот Илиески имаше шест погодоци.

ПретходноТиквеш славеше против Шкупи, МКК Куманово со убедлив триумф
СледноРафа Леао и Хименез го “скршија“ Емполи!