Куманово лесен тренинг за Пелистер, во Битола се „билдаше“ разлика!

53

Пелистер дојде до планираните бодови на дуелот против Куманово. Актуелниот првак на домашен терен славеше со 46-26 (25-12) во меч од 17-то коло во Супер-лигата.

Радивојевиќ со 11 гола беше прв стрелец, зад него беше Костески со 8 погодоци, додека капитенот Кузмановски имаше шест. На другата страна Да Силва Фернандес и Џианкарло Филипе имаа по пет погодоци.

Битолчани го решија името на победникот по само едно полувреме, кое го завршија со 25-12. Гостите беа рамноправен противник само на стартот кога имаа еден гол предност (3-4), но токму по овој момент, Пелистер направи серија од 9-0 и поведе со 13-4.

Во вториот дел се променија играчите на теренот, а Алонсо Раул, стратегот на битолчани играше „седум на шест“, што пак беше дополнителен проблем за еден тим како што е Куманово.

ПретходноМечот меѓу Пролет и Вардар почна со минута молк во чест на Александар Јовиќ
СледноХет-трик на Сансет: Билбао ја декласира Џирона!