Манчестер Јунајтед направи драматичен пресврт на домашен терен, совладувајќи го Лестер со 2-1 и со тоа се пласираше во петтото коло од ФА Купот. Кога се чинеше дека натпреварот ќе оди во продолженија, Хари Мегваер постигна гол во третата минута од судиското надополнување за пресврт и победа, со што преку 70.000 гледачи на Олд Трафорд беа во транс.
Сепак, беше очигледно дека Мегваер беше во офсајд кога Бруно Фернандеш нафрли од слободен удар кон голот. Лестер излезе високо на противнички центаршут и успешно постави офсајд замка, но помошниот судија не забележа. Многу љубители на фудбалот се прашуваат зошто ВАР не интервенираше.
Одговорот е – затоа што Англиската фудбалска асоцијација пред почетокот на натпреварувањето оваа сезона одлучи видео технологијата да се користи од петтото коло на ФА Купот. Така, Манчестер Јунајтед профитираше, а Лестер беше оштетен со оваа одлука.
📽️ – HARRY MAGUIRE WAS OFFSIDE BUT THERE IS NO VAR TO RULE THIS OFF!pic.twitter.com/LI2yrqhWcn
— Football Report (@FootballReprt) February 7, 2025