И дефинитивно со Ханси Флик нема играчки или зафрканции. Она што го науми, тој секогаш бара начин и да го оствари. Па така, како што пренесуваат медиумите во Каталонија и воопшто во Шпанија, Германецот уште сега отпишал тројца играчи на Барселона и на лето тие мора да си заминат.
Тоа се Ансу Фати, Пабло Торе и голманот Инаки Пења. Ова е им кажано на Лапорта и директорот Деко, дека не смета на нив за наредната сезона.
Сензационално е тоа што на списокот се најде и голманот Инаки Пења кој до повредата беше прв голман и добро и бранеше. Ама кога се врати од повредата Шчесни и натаму е прв голамн, а тоа на Инаки изгледа дека не му се допадна па имало и конфликт со Флик, барем според тамошните медиуми.
Планот на Флик во врска со голманската позиција е, откако ќе се врати од повредата, Марк – Андре тер Штеген да биде прв голман а Шчесни негова замена.