Како што е познато Горан Станиќ е новиот селектор на У-21 селекцијата на Македонија. Селекција која доби и тоа како силни противници во групата – Е. Тоа се Италија, Полска, Шведска, Црна Гора и Ерменија. Станиќ за групата си го даде својот коментар, а ново е тоа што познати се имињата на неговите соработници во стручниот штаб на У-21 селекцијата на Македонија.
Тоа се Ѓорѓи Мојсов, инаку актуелен тренер на Тиквеш кој во минатата година им донесе историски успех на кавадарчани. Потоа Берат Имери, некогашен тренер на Воска и Беса. Тука е и Бојан Марковски кој сега му е помошник на Станиќ во Работнички, а тренер на голмани ќе биде Матеј Миленков.
Ова се луѓето кои заедно со селекторот Горан Станиќ ќе го сочинуваат стручниот штаб на У-21 селекцијата на Македонија.