Пријателски: Беса го победи шампионот, Брегалница ремизираше со Вихрен!

139

Денеска во Кичево во пријателски меч, екипата на Беса со 1:0 успеа да ја победи Струга Трим Лум. Стрелец на победничкиот гол за тимот од Добри Дол беше Шефит Шефити во 18.минута. И за двата тима ова беше последна проверка во пресрет на стартот на пролетниот дел од тековната сезона во ПМФЛ.

Во Штип, исто така во пријателски натпревар, домашната Брегалница ремизираше со Вихрен, тим од Бугарија, со резултат 2:2. Стрелци на головите беа Томовски и Хаџи-Кимов во 72. и 90.минута.

ПретходноФабрегас бесен на ВАР судиите: Повеќе нема да молчам!
СледноБарса ќе го продолжи договорот на Шчесни