Продолжува Супер-лигата: Лидерот Алкалоид гостин во Струга, лесна домашна за Пелистер!

67

После долга пауза поради настапот на македонската ракометна репрезентација на Светското првенство денеска продолжуваат мечевите од Супер-лигата. Дефинитивно не очекува интересна завршница во овој дел од натпреварувањето.

На програмата е 17-то коло, а лидер на табелата е Алкалоид, кој има 30 бода, два повеќе од Пелистер и Вардар. Четвртото место е резервирано за ГРК Охрид, додека петтото место го делат Бутел Скопје и ГРК Тиквеш, двата тима имаат 16 бода.

Први на теренот ќе излезт Тиквеш и Радовиш, мечот е закажан во 12 часот. Пелистер е домаќин на Куманово, додека пак Алкалоид и гостува на Струга. На останатите средби, Пролет го пречекува Вардар, додека Прилеп е домаќин на Бутел Скопје.

СУПЕР МАШКА ЛИГА – КОЛО 17
08.02.2025 – САБОТА
12:00 часот ГРК ТИКВЕШ 2014 – РК РАДОВИШ
16:30 часот РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – МРК КУМАНОВО
18:00 часот РК ПРОЛЕТ 62 – РК ВАРДАР 1961
18:00 часот РК ФРУИТ ЛЕНД БОРЕЦ – ГРК ОХРИД
18:00 часот РК СТРУГА – РК АЛКАЛОИД
18:30 часот РК ПРИЛЕП – РК БУТЕЛ СКОПЈЕ
ПретходноМегваер постигна гол од офсајд, еве зошто не беше поништен (ВИДЕО)
СледноСудиската организација при ФФМ доби висока оценка за својата работа и посветеност на развојот на судењето