Резултатскиот „бродолом“ на Пелистер продолжи: Битолчани поразени од Феникс 2010

68

Кризата во Пелистер продолжи и на денешното гостување во Скопје против екипата на Феникс 2010. Битолчани го претрпеа и четвртиот пораз во последните пет натправари во првата Мтел лига, откако дозволија да бидат поразени на денешниот меч до 17. коло против екипата на Феникс 2010 со 85:77.

Мечот донесе одлично и неизвесно прво полувреме. Во првиот период домашните направија минимална предност од 3 поени, но Пелистер успеа во вториоте 10 минути да се извори за негатива од само еден поен со која заминаа на пауза (49:48).

Одликата за победникот, се чини, беше во третиот период. Домашните одиграа одлично, направија предност од 8 поени со која влегоа во завршниот период и до крајот не дозволија Пелистер да се врати во трка за победа.

Неверојатниот Бертран го заврши мечот со 33 поени, 8 скока и две асистенции како најдобар на паркетот. Кај Пелистер најефикасен беше Стајиќ со 19 поени.

ПретходноСити потроши повеќе од 200 милиони евра, Пеп: Трошиме затоа што имаме пари!
СледноХоланѓанецот Коиј на крајот на сезоната заминува од Вардар