Сити потроши повеќе од 200 милиони евра, Пеп: Трошиме затоа што имаме пари!

38

Пред денешниот натпревар од ФА Купот помеѓу Лејтон Ориент и Манчестер Сити, тренерот на актуелниот шампион на Англија, Пеп Гвардиола на прес-конференција одговараше на прашања на новинарите. Едно од прашањата беше за зимскиот преоден рок на Сити.

Челниците на клубот доведоа четири нови засилувања за Шпанецот – Омар Мармуш (75 милиони евра), Ник Гонзалес (60 милиони евра), Абдукодир Кусанов (40 милиони евра) и Витор Реис (37 милиони евра). Англиските новинари се интересираа дали Сити потроши толку многу поради евентуална забрана за трансфери во претстојните преодни рокови.

„Само да знаете, во последните пет години, во однос на нето трошењето, бевме последен од првите шест клубови. Во последните три години бевме најмалку меѓу првите шест. Дури и по она што го потрошивме во овој преоден рок, ние сме далеку зад Челзи, Јунајтед, Арсенал, Тотенхем, дури и Ливерпул бидејќи сме продале многу во претходните сезони.

Но, на крајот, секој клуб може да прави што сака, нели? И ако можеме да трошиме, тоа е затоа што имаме пари. Во последните 10 години бевме трети по трошење, но во последните пет, сме во последните три, освојувајќи го она што го освоивме, бевме зад првите шест екипи. Жал ми е за коментарот, но не се согласувам со можноста за трошење на трансферот“, рече Пеп. 

ПретходноГРК Тиквеш лесно до победата, Радовиш со 12 ракометари и без странци дојде во Кавадарци
СледноРезултатскиот „бродолом“ на Пелистер продолжи: Битолчани поразени од Феникс 2010