Тренерот на Тернана не го пуштил синот на газдата во игра и веднаш доби отказ

195

Италијанскиот второлигаш Тернана му врачил отказ на досегашниот тренер на тимот Абате затоа што одбил да го стави во игра синот на сопственикот на клубот.

Според вестите од Италија, сопственикот и претседател на клубот од Серија Б, Стефано Д’Алесандро му кажал за отказот на поранешниот дефанзивец на Милан уште о четвртокот навечер, по што најавил дека тој ќе биде заменет со Фабио Ливерани.

Според „Ла Национе“, отказот е единствено поради тоа што 38-годишниот тренер одбил да го пушти синот на Д’Алесандро, Матија, да заигра на теренот, а исто така одбил да го вклучи Матија и во тимот за следниот натпревар против Арецо на 10 февруари.

Отпуштањето на Абате предизвикало тензична средба меѓу сопственикот, тренерот и играчите на тимот, кои одлуката ја прифатиле гневно.

ПретходноБарса ќе го продолжи договорот на Шчесни
СледноРетеги нанижа „покер“ за победа на Аталанта во Верона