Во меч од 23.коло во Ла Лига, Билбао на “Сан Мамеш“ пред своите фанови успеа со 3:0 просто ја декласира Џирона која настапи без Македонецот Бојан Миовски. Интересно, сите три гола беа дело на Оихан Сансет, па така испаѓа дека напаѓачот на тимот од Баскија сам ги победи гостите, иако реално цел тим на Билбао одигра одлично.
Сансет првиот гол и тоа од пенал го постигна во 42.минута за 1:0, веќе во 45+1.минута то уште еднаш ја затресе мрежата на Џирона, па така на пауза се замина со 2:0.
Во продолжение од средбата гостите и покрај сите напори да се наметне и барем да го намали резултатот, не успеа во тоа. Напротив, Сансет во 79.минута по асистенцијата на Инаки Вилијамс успеа да ги постави конечните 3:0 за Билбао.