Чаир со победа против Вардар ја прекина серијата порази

28

Кошаркарите на Чаир ја искористија шансата да ја прекинат серијата од три последователни порази во домашното првенство, откако денеска убедливо славеа на гостувањето против „фенерџијата“ Вардар. Гостите однесоа победа од 81:107 и со тоа дојдоа до деветтиот триумф во домашниот шампионат.

Вардар беше тотален аутсајдер уште пред почетокот на мечот, па од првата до последната четвртина гостите беа тие што имаа апсолутна доминација.

Кели постигна 26, додека Реџа 18 поени и беа најефикасни во победничкиот тим. Кај екипата на Вардар се истакнаа настовски со 19 и Данов со 11 и Младеновски со 10 поени.

ПретходноАмериканката Џонсон го освои златото во спуст на Светското првенство во Залбах
СледноТиквеш во “генералката“ подобар од Брера!