Баер (Л) без „муниција“ на гости кај Волфсбург, пораз на Борусија (Д)

56

Фудбалерите на Волфсбург останаа непоразени на домашен терен во дербито со шампионот Баер (Л) во мечот од 21. коло на германската Бундеслига, играјќи без голови (0:0). На овој меч навивачите видоа еден гол на самиот почеток и тоа за домашните, но истиот по интервенција на ВАР беше поништен поради офсајд. Баер (Л) со ова реми и натаму заостанува во трката за Баерн (М) за шампионската титула.

Нов пораз претрпе екипата на Борусија (Д). На домашен терен „милионерите“ беа поразени од Штутгарт со 1:2. Гостите поведоа со автоголот на Антон во 50. минута, а десетина минути подоцна Шабот успеа да зголеми и на 0:2. Голот за домашните беше дело на Јулијан Бранд во последните десетина минути.

Најубедлив триумф попладнево оствари Унион Берлин кој со 0:4 славеше на гости кај Хофенхајм, додека Фрајбург со голот на Грифо во 30. минута славеше со 1:0 против Хајденхајм.

Без голови (0:0) заврши и мечот меѓу Мајнц и Аугзбург.

Standings provided by Sofascore

 

ПретходноРетеги нанижа „покер“ за победа на Аталанта во Верона
СледноВАДА не се откажува: Синер мора да добие казна за допингот!