Изненадување или не? Брајтон пред своите гледачи вечерва во меч од 1/16 финалето од ФА Купот успеа да го победи Челзи и со тоа да се пласира во следната фаза во ова натпреварување, додека за “сините“ од Лондон ова е крај.
Интересно, Челзи уште во 5.минута дојде до 0:1 и тоа со автоголот на домашниот голман Вербруген.
Сепак тоа не ги поколеба играчите на Брајтон, па така со головите на Рутер во 12.минута и Митома во 57.минута славеше со 2:1 и со тоа обезбеди пласман во 1/8 финалето од најстарото фудбалско натпреварување во Англија, кое егзистира веќе 133 години.
На останатите мечеви од денешната програма се постигнаа следните резултати, победниците одат натаму:
Лидс – Милвол 0:2, Лејтон Ориент – Манчестер Сити 1:2, Ковентри – Ипсвич 1:4, Евертон – Борнмут 0:2, Престон – Викомб 0:0 (на пенал победи Престон), Саутемптон – Барнли 0:1, Стоук – Кардиф 3:4, Виган – Фулам 1:2, Бирмингем – Њукасл 2:3.