ВАДА не се откажува: Синер мора да добие казна за допингот!

100

Претседателот на ВАДА, Витолд Банка, проговори за допинг случајот со Јаник Синер, а ако им се верува на неговите зборови, Италијанецот нема да остане неказнет. Одговорот на Судот за спортска арбитража (CAS) на жалбата на Светската антидопинг агенција (ВАДА) е закажан за средината на април.

„Синер е одговорен за постапките на својот тренерски штаб“, изјави претседателот на ВАДА.

За потсетување, Синер во два наврати беше позитивен на забранетата супстанција стероид клостебол за време на минатогодишниот Мастерс во Индијан Велс, но не беше суспендиран откако независната комисија на 20 август утврди дека нема вина или невнимание од негова страна во тој инцидент.

Контаминацијата со клостебол дошла преку третман, кој го добил од својот физиотерапевт. Синер соработувал во овој процес, а независен суд пресудил дека Италијанецот е невин.

„Има неколку важни фактори. Тој првично бил позитивен на забранета супстанца, но било утврдено дека нема намера. Мора да има разлика помеѓу случајот на Ига Швјонтек и Јаник Синер, бидејќи во нејзиниот случај се работи за лек. Во тој случај, суспензијата би можела да трае од една до две години“, изјави Карен Мурхаус, извршен директор на Меѓународната агенција за интегритет во тенис (ITIA).

Случајот ќе заврши кон средината на април пред Судот за спортска арбитража (CAS), кога ќе се знае и точната санкција за Синер.

ПретходноБаер (Л) без „муниција“ на гости кај Волфсбург, пораз на Борусија (Д)
СледноМечот меѓу Пролет и Вардар почна со минута молк во чест на Александар Јовиќ