Една од најлудите завршници оваа сезона во НБА можеше да се види синоќа на натпреварот помеѓу Шарлот и Сан Антонио, кој на крајот им припадна на Хорнетс со резултат 117:116.
Ѕвездата на Спарс, Де’Арон Фокс, кој пристигна во трејд од Сакраменто Кингс, погоди кош за водство од 116:114 на осум секунди до крајот. На другата страна, Бриџис постигна тројка на две секунди до крајот за водство на Шарлот. Спарс имаа две секунди за напад и Фокс успеа да изведе тројка, но се покажа дека предоцна ја испушти топката.
Најдобар поединец на натпреварот беше Спарс, Касл со 33 поени, додека Фокс имаше 22 поени и шест асистенции. Бриџис го предводеше Шарлот со 25 поени и седум скока, додека Бол постигна 24 и додаде десет асистенции.
HORNETS BEAT SPURS IN WILD ENDING 🤯
BRIDGES HITS CLUTCH TRIPLE, FOX’S GAME-WINNER DIDN’T COUNT 😱 pic.twitter.com/zJ4k1H1HbQ
— Bleacher Report (@BleacherReport) February 8, 2025
Сите резултати:
Шарлот Хорнетс – Сан Антонио Спарс 117:116
Вашингтон Визардс – Кливленд Кавалирс 124:134
Атланта Хокс – Милвоки Бакс 115:110
Бруклин Нетс – Мајами Хит 102:86
Детроит Пистонс – Филаделфија 76ерс 125:112
Оклахома Сити Тандер – Торонто Репторс 121:109
Феникс Санс – Јута Џез 135:127 (по продолженија)