Еуфорија во ЛА: Сите сакаат да купат дрес од Дончиќ! (ВИДЕО)

427

Вистинско лудило, невидена еуфорија предизвика доаѓањето на Лука Дончиќ во ЛА, поточно во ЛА Лејкерси. Фановите на еден од најславните НБА клубови во историјата едвај чекаат да го видат Словенецот во тимот, а тоа најверојатно ќе се случи во понеделник против Јута.

Во меѓувреме сите сакаат да го купат дресот на Лукa, оној жолтиот на Лејкерси. Редици има постојано во фан шоповите на кои тој се продава.

Нема што, Лука Дончиќ во ЛА ќе биде уште поголема ѕвезда во НБА и во светот на спортот воопшто.

ПретходноХет-трик на Сансет: Билбао ја декласира Џирона!
СледноТФТ ја доби драмата со Работнички! (ФОТО)