Ретеги нанижа „покер“ за победа на Аталанта во Верона

48

Фудбалерите на Аталанта им се вратија на победите во Серија А, откако денеска го „прегазија“ тимот на Верона на гости во меч од 24. коло со 5:0 и натаму останува да се борат за Скудетото.

Тимот предводен од Џанпјеро Гасперини денеска го имаше неверојатниот италијански голгетер Ретеги, кој постигна 4 гола во победата на својот тим. Со овој триумф „Божицата“ се зацврсти на третото место во поредокот со 50 бодови, а може да се каже дека уште еднаш „од сенка“ ги освежи своите шампионски амбиции.

Покрај четирите гола на Ретеги, еден кај гостите постигна и Едерсон.

ПретходноТренерот на Тернана не го пуштил синот на газдата во игра и веднаш доби отказ
СледноБаер (Л) без „муниција“ на гости кај Волфсбург, пораз на Борусија (Д)