Тиквеш во “генералката“ подобар од Брера!

391

Тиквеш – Брера 2:1 е епилогот од денешната пријателска средба во Кавадарци која воедно беше и “генералка“ за двете екипи во пресрет на стартот на пролетниот дел следниот викенд.

Головите паднаа во финишот на натпреварот а стрелци за кавадарчани беа Рушту Јонус и Александар Мишов.

Ова беше добра можност и за двајцата тренери, Ѓорѓи Мојсов и Тони Атанасов да се здобијат со увид на моменталната форма на своите играчи на само една недела до стартот на пролетниот дел од тековната сезона.

ПретходноЧаир со победа против Вардар ја прекина серијата порази
СледноФА Куп: Манчестер Сити со пресврт до победа против третолигашот Лејтон Ориент (ВИДЕО)