Италијанскиот второлигаш Тернана му врачил отказ на досегашниот тренер на тимот Абате затоа што одбил да го стави во игра синот на сопственикот на клубот.
Според вестите од Италија, сопственикот и претседател на клубот од Серија Б, Стефано Д’Алесандро му кажал за отказот на поранешниот дефанзивец на Милан уште о четвртокот навечер, по што најавил дека тој ќе биде заменет со Фабио Ливерани.
Според „Ла Национе“, отказот е единствено поради тоа што 38-годишниот тренер одбил да го пушти синот на Д’Алесандро, Матија, да заигра на теренот, а исто така одбил да го вклучи Матија и во тимот за следниот натпревар против Арецо на 10 февруари.
Отпуштањето на Абате предизвикало тензична средба меѓу сопственикот, тренерот и играчите на тимот, кои одлуката ја прифатиле гневно.