Во натпревар од 17.коло во нашата елитна кошаркарска лига, ТФТ како домаќин во салата Кале во Скопје, успеа со 81:79 да слави против Равботнички. Да ја добие драмата иако треба да се каже дека во текот на целиот меч имаше водство на овој интересен и квалитетен меч за наши услови.
Последниот напад за израмнување, па и за победа, го имаа гостите, но Шошкиќ не успеа да погоди и со тоа ТФТ славеше.
Ова е 12 победа за составот на ТФТ сезонава, а седмиот пораз на Работнички.
Инаку во првата четвтртина домашните подобро се снајдоа, имаа водство, подобро одиграа и истата ја завршија со 9 поени. Затоа Работнички врати со подобра игра во втората четвртина, гостите заиграа поквалитетно и истата ја добија со 27:20, па така ТФТ на пауза замина со +2 поени разлика.
На почетокот од “второто полувреме“ Работнички како да го фати криза, а кошаркарите на ТФТ тоа го користеа и ја билдаа разликата која во еден момент изнеасуваше и +10 поени.
Сепак како што и се очекуваше, Работнички се врати во игра, а на 27 секунди дојде само на -1 поен.
Следуваше драма во која ТФТ победи со 81:71 а Шошкиќ имаше шанса да им донесе победа на гостите, но не успеа да поентира.
Најефикасни беа Говенс кај ТФТ со 29 поени, а кај Работнички Капетановиќ забележа 18 поени.