ФА Куп: Манчестер Сити со пресврт до победа против третолигашот Лејтон Ориент (ВИДЕО)

58

Фудбалерите на Манчестер Сити со пресврт и победа од 1:2 на гостувањето кај третолигашот Лејтон Ориент успеаја да обезбедат место во осминафиналето на ФА Купот на Англија.

Менаџерот на англискиот шампион, Пеп Гвардиола, мечот го почна со комбиниран тим, но кога домашните успеаја први да поведат, мораше да ги внесе стартерите од Премиерлигата за да се врати во трка за победа. Домашните поведоа во 16. минута по неколку пропуштени шанси на „граѓаните“. Позајмениот играч на Тотенхем, Џејми Донли, успеа да го совлада Ортега, откако упати удар од речиси половина терен, погодувајќи ја гредата – но топката се одби од грбот на голманот на Сити и заврши во голот за 1-0.

Шампионот на Премиер лигата создаде пет чисти шанси во првото полувреме , но не успеа да израмни.

Хусанов, кој го замени дебитантот Витор Реис на стартот од вториот дел од натпреварот успеа да го израмни резултатот на 1:1 во првите 56. минута на мечот, а Кевин Де Брујн кој влезе во игра во 72. минута, седум минути подоцна го постави конечниот резултат по асистенција на Џек Грилиш.

Во вториот завршен меч, Милвол како гостин со 0:2 славеше кај Лидс Ј.

ПретходноТиквеш во “генералката“ подобар од Брера!
СледноФабрегас бесен на ВАР судиите: Повеќе нема да молчам!