Швајцарскиот репрезентативец Фрањо Фон Алмен е освојувач на златниот медал во спуст на тековното Светско првенство кое што се одржува во Залбах.
Фон Алмен состартен број единаесет приреди огромно изненадување освојувајќи го првото место со време од 1:40:68, додека пак на втората позиција се пласираше Винсент Криемкајр со заостанување од 24 стотинки.
Бронзениот медал пак исто така заминува во Швајцарија кај Алексис Моне кој заостана зад водечкиот 31. стотинка.