Во рамките од денешната програма во Бундес лигата, тимот на Холстен Кил го пречека на свој терен Бохум, а дуелот заврши без победник 2:2.
По само три минути игра, домаќинот поведе преку Скрзибиски. Сепак, до полувреме со двата гола на Боаду, Бохум поведе со 1:2.
Следуваше израмнување во 50. минута преку Зец, кој што и ги постави конечните 2:2 на мечот.
Двата последнопласирани тим на табелата сега имаат по бод плус. Бохум е последен со 11, додека Кил има два повеќе.