Американецот Фишер го собори светскиот рекорд на 3000 метри во сала (ВИДЕО)

118

Американскиот атлетичар Грант Фишер постави нов светски рекорд на трката на 3000 метри во сала.

27-годишниот Фишер на трката во рамките на 117. Игри на Милроуз, успеа да истрча време од 7:22,91 минути со што успеа да постави нов најдобар резултат во светот на делницата од 3000 метри. Тој го собори светскиот рекорд кој беше во сопственост на Ламече Гирме од Етиопија (7.23.81), поставен пред две години.

Уште еден Американец, Кол Хокер, исто така го надмина претходниот рекорд, освојувајќи го второто место во конкуренцијата (7:23,14).

ПретходноМурињо по прекинот во Турција: Не е нормално, Галатасарај има 9 пенали на последните 10 меча!
СледноЈанис се повреди, нема да учествува на Ол-Стар викендот