Иако менаџерот на Арсенал, Микел Артета има и тоа како проблеми во нападот, повредени му се Сака и Жезус, тој не успеа да донесе некое посебно засилување во нападот.
Јасно е дека фановите на Арсенал се гневни, тие долго чекаат на титула а без класичен екстра гол играч на сите им е јасно дека тимот од „Емирејтс“ нема шанси да дојде до неа во ПЛ.
Сепак денеска медиумите на Островот, а за ова пренесе и Фабрицио Романо, Арсенал не сакал да експериментира и сака најголем дел од парите кои се планирани за нови имиња да ги даде со цел да се донесе Александер Исак. Швеѓанецот кој блеска во дресот на Њукасл и тоа како, со своите голови, добро ќе му дојде на Артета во битката за титулата, но за наредната сезона. Се планира Исак да се купи во летниот преоден рок, па колку тој и да чини.