Фудбалерите на Барселона убедливо ја совладаа екипата на Севиља со 1:4 на вечерашниот натпревар од шпанската Ла Лига.
Каталонците рано поведоа преку Левандовски уште во 7-мата минута, но само две минути подоцна Варгас го изедначи резултатот. Во второто полувреме Барселона набрзина постигна два погодоци преку Фермин во 46-тата и Рафиња во 55-тата минута. Фермин Лопез доби директен црвен картон за остриот старт во 60-тата минута. Иако домашните фудбалери имаа играч повеќе во поголемиот дел од второто полувреме се чинеше дека тие немаат намера да ги замрсат сметките и да го загрозат водството на каталонците. Па во 89-тата минута Ерик Гарсија постигна погодок за печат на резултатот.
Барселона остана на 3-тата позиција на табелата со 48 бода, само два помалку од лидерот Реал и еден помалку од второпласираниот Атлетико Мадрид, Севиља е на 13-тото место со 28 бода.