Новата на Далас, без Лука Дончиќ, започна одлично, како за Маверикс, така и за суперѕвездата која го замени словенечкиот симбол. Ентони Дејвис, кој пред еден ден се пресели во Мавс во шокантниот трејд со Лејкерси за Дончиќ, се истакна во дербито на Тексас и во дебито за Далас.
Домаќините го совладаа Хјустон со 116:105, а Дејвис на полувремето веќе имаше 24 поени, 13 скока, 5 асистенции и три блокади. НБА откри дека Дејвис на тој начин стана само третиот играч во историјата на Далас, по Дончиќ и Мајкл Финли, кој го завршил полувремето со 20/10/5 во најважните категории.
Дејвис го заврши дебитантскиот настап за Далас со 26 поени (10/18 шут од поле), 16 скока, 7 асистенции и 3 блокади. Експертите за статистика на НБА истакнуваат дека само Дирк Новицки досега одиграл натпревар за Мавс со такви бројки. Дејвис, со 16 скокови во првиот настап за Далас, привлече споредби со друга легенда. Денис Родман имаше 13 скока во своето деби за Далас, а претходниот рекордер Том Лагард имаше 14 скока. Дејвис сега ги надмина и двајцата.
Но, импресивниот деби настап на Дејвис заврши прерано. По само 31 минута мораше да ја напушти играта поради повреда. Засега не е познато дали станува збор за нешто посериозно.
Уште еден поранешен играч на Лејкерс се претстави добро во Далас. Макс Кристи беше втор стрелец на тимот со 23 поени.
Шенгун беше најистакнатиот играч во Хјустон. Турчинот познат по прекарот „Бебе Јокиќ“ постигна 30 поени (11/19 шут) со 8 скока, додека Џејлен Грин постигна 24 поени и додаде 6 асистенции.
По оваа победа Далас има скор 28-25 и се наоѓа на осмото место на Западот, додека Хјустон со петтиот последователен пораз падна на четвртото место.
AD’s FIRST HALF WITH THE MAVS:
24 PTS
13 REB
5 AST
3 BLK pic.twitter.com/vSdKPGaQfp— NBA (@NBA) February 8, 2025
Орландо – Сан Антонио 112-111, Вашингтон – Атланта 111-125, Чикаго – Голден Стејт 111-132, Мемфис – Оклахома 112-125, Минесота – Портланд 114-98, Њујорк – Бостон 104-131, Феникс – Денвер 105-1222, Сакраменто – Њу Орлеанс 123-118, ЛА Клиперс – Јута 130-11-.