Со голот на Арамбари во 44. минута од пенал, тимот на Гетафе успеа да слави на гостувањето кај Алавес. Овој дуел ја отвори денешната програма од Примера, а истиот со својот епилог не донесе некое посебно изненадување.
Гетафе со победата дојде до 27. бодови и 14. место на табелата, додека пак, Алавез е во зоната за испаѓање со 21. бод и 18. место.
Денеска уште се среќаваат и Валенсија – Легањес, Реал Сосиедад – Еспањол и Севиља – Барселона.