Амбициозниот воторлигаш Детонит од Радовиш предмалку со 1:2 обезбеди победа на подготвителниот дуел против тимот на Силекс.
На мечот одигран во Кратово, Силекс кој за прв пат по враќањето од Анталија загуби, а единствениот гол за домаќинот го постигна Алиќ.
Силекс како и Детонит секако искористи поголем дел од своите расположливи сили. Кратовци зимава премногу не менуваа во составот, немаа ниту причина, затоа што се есенски шампиони и напролет ќе има задача да го повтори тој успех.