Дибала од пенал за триумф на Рома

39

Екипата на Рома со победа кај Венеција на гостински терен од минимални 0:1 ја отвори денешната програма во Серија А.

Единствениот погодок на овој меч го постигна Дибала од пенал во 57. минута. До тој момент, а и потоа, и двата тима имаа по некоја ситуација за погодок но истите не ги икористија.

Со овој триумф Рома стигна до бројката од 34 бода на своето конто и вкупно деветта позиција на табелата додека пак Венеција со 16. поени е претпоследна и се повеќе гледа кон Серија Б отколку кон опстанокот.

 

ПретходноФрањо Фон Алмен освои златен медал во спуст
СледноСимеоне: И двете екипи можеа подобро!