Лути на судењето и еден „измислен“ пенал, Адана Демирспорт го напушти мечот со Галатасарај (ВИДЕО)

483

Фудбалерите на Адана Демирспор решија да се повлечат од теренот на натпреварот против Галатасарај попладнево по само 30 одиграни минути. Во 12. минута од натпреварот искусниот играч за врска на Галатасарај, Дрис Мертенс падна во шеснаесетникот, по што судијата на натпреварот Огужан Чакир досуди пенал.

Новиот напаѓач на Галатасарај, Алваро Мората, кој дојде на позајмица од Милан, пеналот го претвори во гол и „жолто-црвените“ поведоа. Во 30. минута од натпреварот играчите на Адана Демирспор Семих Ѓулер и Тајфун Ајдоган ги повикаа своите соиграчи во соблекувалната по разговорот со нивниот технички директор Мустафа Алпер Авџи.

Адана Демирспор се уште не го коментира мотивот за одлуката да се повлече од теренот, но се претпоставува дека причина е досудениот пенал за домашните и судиската арбитража на судијата Чакир.

ПретходноВаленсија и Столе дојдоа до голема победа против Леганес (ВИДЕО)
СледноШтип УГД му се реваншираше на шампионот: Прв пораз на Струмица во домашното првенство