Менаџерот на Челзи, Енцо Мареска, изјави дека „големите клубови“ можат да победуваат со 1-0, опишувајќи ја елиминацијата на неговиот тим од ФА Купот во четвртото коло од Брајтон како „голем срам“.
„Сините“ поведоа во петтата минута од натпреварот по автогол, но не можеа да го искористат позитивниот старт, беа совладани со 2-1. Единствената победа на Челзи од 1-0 откако италијанскиот менаџер беше назначен минатото лето.
„Им кажав на играчите пред неколку недели и повторно кажав дека мораме да научиме како понекогаш да добиваме натпревар со 1-0“, рече Мареска и додаде: „Големите клубови го прават тоа“.
Зборувајќи за елиминацијата од турнирот, Мареска продолжи: “Сигурно е голема штета за нас. Ако има една позитива, тоа е дека сега можеме да се концентрираме на Премиер-лигата и Конференциската лига. Особено во Премиер-лигата, се надеваме дека ќе можеме да продолжиме со нашите перформанси. Досега беше многу, многу добро и се надеваме дека можеме да завршиме добро”.