Миовски нема потешка повреда, од утре повторно на тренинг

330

Македонскиот репрезентартивец и интернационалец Бојан Миовски не беше во составот на својот тим Џирона викендов.

Веднаш се постави прашањето зошто е тоа така, особено ако се знае дека Миовски штотуку се врати од повредата на ногата која што го оддалечи од теренот речиси два месеци.

Сепак, Спортспорт дознава дека воопшто не се работи за повреда на нашиот напаѓач, туку едноставно за преоптеретување на задната ложа поради напорни тренинзи.

Веќе од утре Бојан Миовски ќе се врати во „погон“ и ќе му се стави на располагање на тренерот.

ПретходноРамин Алии со трансфер во Ерменија
СледноФрањо Фон Алмен освои златен медал во спуст