Монца ќе го менува Бокети и ќе го врати Неста на тренерското столче

132

По денешната катастрофа во Рим на мечот со Лацио (5:1), управата на Монца реши да го смени тренерот. Според информациите од Италија, Монца ќе се раздели со Салваторе Бокети само еден и пол месец по неговото назначување.

Во 7 натпревари под водство на Бокети, Монца има дури шест порази и само една победа. Инсајдерот Џанлука Ди Марцио пишува дека Бокети ќе добие отказ, по што Алесандро Неста, кој беше отпиштен на крајот на декември, ќе се врати во клубот.

Монца е последна на табелата во Серија А со 13 бода.

ПретходноКошаркарките беа на чекор до изненадување, на крајот тесно поразени од Украина
СледноМурињо по прекинот во Турција: Не е нормално, Галатасарај има 9 пенали на последните 10 меча!