Мурињо по прекинот во Турција: Не е нормално, Галатасарај има 9 пенали на последните 10 меча!

2394

Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо излезе со своја реакција на вечерва прекинатиот меч од турската Суперлига меѓу екипите на Галатасарај и Адана Демирспор. Гостите во знак на протест поради судењето и досудениот пенал за галатасарај уште на стартот на мечот, се повлекоа од теренот по половина час игра.

„Галатасарај има 9 пенали на последните 10 натпревари! Затоа ќе губат од Јанг Бојс, Малме и другите екипи, но овде веќе пет години победуваат на речиси секој натпревар“, напиша Мурињо.

Во Турција вечерва на големо се коментира одлуката на Адана за напуштање на мечот, а медиумите веќе пишуваат дека срабата ќе биде регистрирана со службени 3:0 за Галатасарај.

ПретходноМонца ќе го менува Бокети и ќе го врати Неста на тренерското столче
СледноАмериканецот Фишер го собори светскиот рекорд на 3000 метри во сала (ВИДЕО)