На повидок е голема промена: УЕФА сака да укине едно правило во Лигата на шампионите

584

Лигата на шампионите многу брзо може да доживее нова промена. Почнувајќи од оваа сезона гледаме на нов натпреварувачки формат во кој веќе нема групна фаза, туку клубовите се распоредени поинаку. На тоа не се работи единствено, дополнителното време во нокаут фазата на натпреварувањата на УЕФА наскоро би можело да биде укината.

Познато е дека правилото за голови на гости беше претходно укинато, па сега се работи на укинување на продолженијата. Причината за тоа е прилично едноставна – замор. Сакаат барем малку да им олеснат на играчите, бидејќи има премногу натпревари и се зголемува ризикот од повреди поради замор.

„Се разговара за одење директно на пенали наместо на продолженија. Сериозно се размислува, иако веројатно нема да се случи сега поради актуелниот договор за ТВ правата кој истекува во 2027 година“, пишува британски Гардијан.

Дали ќе може да се постигне договор со нив или ќе треба да почекаме уште неколку години, останува да видиме. Се чека реакцијата на клубовите за сето ова, иако голема е веројатноста оваа идеја да им се допадне.

ПретходноСкандалозна објава на Реал Мадрид ТВ по дербито: Пеналот е смешен, Лига на Негреира е одвратна!
СледноОлимпија за Димитријевиќ: Класа и елеганција (ВИДЕО)