Некогашниот македонски младински репрезентативец Рамин Алии е нов член на тимот на Сјуник во Ерменија. Досега тој настапуваше за тимот на Ислок, но се сели во амбициозниот клуб кој што има нов сопственик.
Се работи за еден од најбогатите ерменски бизнисмени кој што со клубот планира големи нешта. Пред се влез во најсилната конкуренција, која што ќе го овозможи и во моментов втората позиција на табелата во втората лига.
Тренерот Арамн Восканјан прави екипа што се велу уште од сега за Премиер лигата, а Алии е еден од играчите на кој што инсистираше да биде доведен.
Алии во моментов има 23 години беше дел од У21 репрезентацијата на Македонија. Дете е на Шкендија, а беше дел и од тимот на Шкупи, пред да се пресели во Скендербеу во Албаија.