Сензација во ФА Купот: „Фенерџијата“ во Чемпионшип го елиминираше Ливерпул (ВИДЕО)

131

Голема сензација приредија фудбалерите на Плимут на денешниот меч од 1/16-финалето на ФА Купот на Англија, елиминирајќи го лидерот во Премиерлигата, екипата на Ливерпул. Момците предводени од австрискиот стратег Муслиќ, успеаја да го совладаат најдобриот тим во Англија оваа сезона со 1:0.

Менаџерот на „црвените“, Арне Слот мечот го почна со многу променет состав и со само двајца редовни стартери, по што беше јасно дека Ливерпул овде ќе се мачи за добар резултат. Играта без среден ред не можеше да им донесе ништо подобро на гостите, кои дозволија да направат една грешка, која домашните ја претворија во победа за осминафинале.

Имено, во 53. минута Харви Елиот играше со рака во сопствениот шеснаесетник, по што домашните добија пенал кој Харди го претвори во гол за победа. До крајот Ливерпул се обидуваше да израмни, но без идеја за реализација.

ПретходноКил му приреди спектакуларен пречек на Дувњак (ВИДЕО)
СледноВаленсија и Столе дојдоа до голема победа против Леганес (ВИДЕО)