Фудбалерите на Наполи и Удинезе ремизираа со 1:1 во вечерашниот натпревар од 24-тото коло од италијанската Серија А. Иако наполитанците влегоа како фаворити во овој натпревар, сепак Удинезе успеа да избори бод.
Резултатот го отвори Скот МекТоминеј во 37-та минута, а само 3 минути подоцна Екеленкамп го изедначи резултатот и ги постави конечните 1:1. Со овој бод Наполи остана на првата позиција на табелата со 55 бода, а Удинезе се наоѓа на 10-тото место со 30 бода.
Доколку Интер утре ја совлада екипата на Фиорентина, „нероаѕурите“ ќе пријдат само на бод до екипата на Наполи.