Јанис се повреди, нема да учествува на Ол-Стар викендот

147

Ѕвездата на Милвоки Бакс и еден од најдобрите кошаркари во НБА лигата, Јанис Адетокумбо поради повреда не ќе може да биде на терените во период од најмалку една недела.

Грчкиот репрезентативец доживеа благо истегнување на тетивата, а по последните прегледи, од Милвоки објавија дека тоја сигурно нема да настапи ниту на Ол-стар натпреварот во Сан Франциско закажан идниот викенд (16 февруари).

Адетокумбо кој досега имаше 8 настапи на Ол-Стар натпреварите, оваа година беше избран во тимот на Чарлс Баркли.

ПретходноАмериканецот Фишер го собори светскиот рекорд на 3000 метри во сала (ВИДЕО)
СледноУдинезе со бод од Неапол му отвори пат на Интер кон врвот