Четирикратниот грен слем шампион и светски рекет број три, Шпанецот Карлос Алкараз го освои тенискиот турнир од серијата АТП-500 кој денеска заврши во Ротердам (Холандија). Тој во финалето го победи Австралиецот Алекс де Минор со резултат 6:4, 3:6, 6:2. Средбата траеше 1 час и 54 минути.
Алкараз стана првиот Шпанец кој победил на турнирот во Ротердам, кој се играше за награден фонд од 2,5 милиони евра.
„Среќен сум, но сакам да започнам со Алекс. Му честитам за фантастичниот турнир. Успехот што го постигна се должи на одличната работа со тимот. Секоја чест. Ти посакувам се најдобро. Добро е што се гледаме на врвот“, изјави Алкараз.