Фудбалерите на Валенсија го совладаа Леганес со 2:0 во натпреварот од 23. коло на шпанската Примера. Нашиот Столе Димитриевски на овој меч остана на клупата, а „лилјаците“ успеаја да дојдат до исклучително важни бодови против еден од нивните директни конкуренти во борбата за опстанок.
Одлуката на „Месталја“ падна уште во првото полувреме. Валенсија поведе по половина час игра кога Москера отвори за 1:0, а водството го удвои уште еден дефанзивец, Муктар Дијакаби во 41. минута (2:0).
Во вториот дел Валенсија ја одржуваше предноста и оствари заслужен и многу значаен триумф. По овој триумф, Валенсија е на 18. место со 22 бода, само еден помалку од Леганес, кој е на позицијата погоре во „безбедната“ зона.