Кошаркарките беа на чекор до изненадување, на крајот тесно поразени од Украина

154

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија ги заврши квалификациите за Евробаскетот 2025 со нов пораз. Денеска во Рига на гостувањето против селекцијата на Украина, избраничките на селекторот Ашаданов беа поразени од Украинките со 74:72 во својот најдобар натпревар во овие квалификации. Нашите кошаркарки приредија вистинска драма во финишот, поведоа за првпат во последната минута од мечот, но не успеаја да издржат во налетот кон прва победа.

Украинките многу добро почнаа добивајќи ја првата четвртина со 22:12, но ние успеавме да се вратиме во игра со подобра игра во вториот период кога успеавме да ја намалиме разлика на минус 7 (37:30).  Во вториот дел Украина почна силно и успеа да направи нова предност од 10 поени, за во последните 10 минути нашите кошаркарки да се доближат до водството на Украина и во завршницата да го направат мечот многу интересен. На неполни две минути пред крајот ја стопивме предноста на противникот на само 3 поени (71:68), а потоа со едно од двете слободни фрлања на Митрашиновиќ да дојдеме и на само два поени негатива (71:69).

Украинките не успеаја да искористат напад, а нашата Митрашиновиќ со тројка на 55 секунди до крајот успеа да донесе прво водство за Македонија (71:72). Украина погоди едно слободно фрлање за израмнување, а во завршните 30 секунди, ние не успеавме да постигнеме нови поени, Украина доби прекршок и слободни фрлања на една секудна до крајот, па Дубњук успеа да ги погоди и да им донесе победа на Украинките од 74:72.

Неверојатната Митрашиновиќ средбата ја заврши со 33 постигнати поени како најдобар стрелец во нашата селекција. Николиќ постигна 13, додека Хемпе 11 поени.

Standings provided by Sofascore

 

 

ПретходноФА Куп: Тотенхем поразен на „Вила Парк“, Астон Вила оди во осминафинале
СледноМонца ќе го менува Бокети и ќе го врати Неста на тренерското столче