Фудбалерите на Астон Вила со победа од 2:1 против Тотенхем успеаја да обезбедат пласман воосминафиналето на ФА Купот на Англија. Во дербито на вечерта во најстарото фудбалско натпреварување на планетава, Астон Вила пред своите навивачи дојде до посакуваната победа со подобра игра од гостите од Лондон.
Домашните поведоа уште во првата минута на средбата со голот на Ремзи за 1:0, резултат со кој се замина на полувреме. Во вториот дел по голема борба, домашните фанови имаа нова причина за радост, откако Роџ3ерс во 64. минута погоди во мрежата на Тотенхем за предност од 2:0.
Тотенхем се потруди да донесе мала неизвесност во завршницата, откако Матиас Тел погоди во 91. минута и само намали на 2:1.